Еве колку злато има Македонија


Македонија со 6,8 тони златни резерви се најде на 77-то место во светот на листата од 100 рангирани земји. На врвот на табелата на Светскиот совет за злато и натаму се САД кои располагаат со 8.972 тона злато.

zlatoЗад нив е Германија која поседува 3.387, а трет е ММФ со 2.814 тони злато. Најдинамичната светска економија, кинеската е на шестата позиција со акумулирани 1.054 тони, а само 13 помалку има Русија.

Во регионот Грција се задолжува, но упорно ги чува златните резерви и е 33-та, Романија две места подолу, а Бугарија е 48-ма. Србија е на 66-то место. Словенија со 3 тони злато е 90-та, а претпоследни на листата е Албанија со само 1,6 тони злато.

Хрватска и Црна Гора воопшто не се рангирани од Светскиот совет за злато.

 Земји со најголеми златни резерви

Тони

1.САД                      8.972

2.Германија         3.387

3.ММФ                   2.814

4.Италија             2.451

5.Франција            2.435

Рангирање на земјите од регионот

Тони

33.Грција               112

35.Романија         103

62.Србија            16,5

77.Македонија     6,8

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1