Огромна стаклена пирамида е пронајдена на дното на морето во областа на познатиот Бермудски триаголник.
Според научниците токму таа можеби е причината за големиот број мистериозни исчезнувања на бродови и авиони во тоа подрачје.
Стаклената структура ја открил океанографот Верлаг Мејер со помош на сонарна технологија на длабочина од 2.000 метри.
На неговите снимки таа изгледа како да е делумно проѕирна па се верува дека е создадена од стакло, а можеби дури и од кристали.
Научниците проценуваат дека димензиите на новооткриената пирамида се многу поголеми отколку димензиите на оние кои се направени во Египет во текот на античкиот период. Нејзината четириаголна база е долга 300, а широка 200 метри, а врвот и достигнува околу 200 метри над морското дно.
На врвот се наоѓаат две огромни дупки, а низ едната од нив водата поминува со голема брзина и така создава силен подводен бран. Поради него на површината на водата се формираат бранови кои се што е околу нив го повлекуваат кон дното.