Детето насила однесено во Сирија, се врати кај мајка му во Косово


Осумгодишното дете чиј татко го однесе со него во Сирија било вратено на Косово.

Праневера Абази, мајката на Ерион Зена, потврди за Радио Слободна Европа дека нејзиниот син бил вратен дома, без да даде дополнителни информации.dete-majkata

Според неа, Ерион бил земен од неговиот татко Арбен во јули кога тој им се приклучил на милитантите на Исламската држава во Сирија.

Претседателката на Косово Атифете Јахјага ја пофали операцијата на Косовската разузнавачка агенција која резултирала со враќање на Ерион.

Нема детали за операцијата која била одобрена од претседателката Јахјага. Властите во Приштина велат дека меѓу 100 и 200 косовски Албанци им се придружиле на милитантите во Сирија и Ирак.

Најмалку 16 од нив биле убиени.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1