Пожарот кој синоќа избувна на булеварот „Илинден“ во близина на ресторанот Имес, целосно пеплоса работилница и магацин.
Од полицијата информираат дека околу 23:15 пожарот избувнал во овие простории кои биле во сопственост на фирма на столарија, а бараката целосно изгорела.
Како настанал пожарот ќе се утврдува денес со полициски увид.