Еве што кажа Коки: Жал ми е што на крајот не се испратив со Дуле, болката и кај него и кај мене


Во интервјуто за печатеното издание на списанието „Убавина и здравје“, Николчо Јанков, познат едноставно како Коки или описно, како Коки од „Дуле и Коки“, зборува за искуството од двете децении со Дуле, за својот ангажман како професор по виолина, но и за приватниот живот, за семејството и за својот нов почеток со „Тајфата“.dule i koki2

Има ли нешто за што можеби жалиш кога ќе се присетиш на последните денови од животот на твојот долгогодишен соработник и пријател Дуле?

Има многу работи што останаа искажани и недоискажани. Просекот беше околу 130-150 (некогаш и повеќе) настапи во годината, 20 години наназад, 3 објавени албуми и 1 необјавен. Во тоа време, па и сега, репер за нечија популарност беше да се наполни „Универзална сала“. Ние се смеевме, затоа што секој викенд во Струмица, Охрид, Кавадарци, Штип, Скопје, полневме по четири Универзални сали. Практично, на нашите настапи доаѓаа од 1.000 до 4.000. Си имавме свои задолженија, јас повеќе околу снимањата и организацијата на настапите, но ако некој знаеше како треба со публиката, тоа беше Дуле. Жал ми е што на крајот не се испративме, таква беше болката и кај него и кај мене. Но за тоа во некоја друга пригода.

Има ли шанси да се направи некое издание со ваши заеднички песни?

Мислам дека македонската јавност заслужува да добие едно цеде со најдоброто од „Дуле и Коки“.

Сопругата на починатиот Дуле распали по Коки – Дуле плачеше кога Коки си направи сам група

 

Остатокот од ексклузивното интервју можете да го прочитате во августовскиот број на „Убавина и здравје“, кој од 3-ти август ќе биде во продажба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1