По 13 години конечно ќе имаме попис


Македонија доцни со пописот веќе четири години, откако последниот обид за спроведување на најголемата статистичка операција беше неуспешен во 2011. Тогаш двете владејачки партии, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, не најдоа заеднички јазик за тоа дали треба да се попишуваат граѓаните кои се надвор од Македонија повеќе од една година и дали може да се користат фотокопии од личните документи.skopje7

Така, последен попис во Македонија остана оној спроведен уште во далечната 2002-ра. И претходниот попис во Македонија, како дел од СФРЈ, одржан во 1991-ва, не беше изведен во целост, поради што имаше уште ден во 1994-та, којшто се смета за прв попис по осамостојувањето на Македонија, попис и е и повеќе од потребен на Македонија.

Според гласините пописот го бојкотира албанската страна поради фактот што поголем дел од албанската популација иако фиктивно фигурираат во Македонија тие со години се иселени. Познавачите велат дека е многу можно да се покаже дека албанците и не се 25 % од популацијата во Македонија како што се тврди.

Никола Греувски најави дека власта има намера да организира попис, како и да набави адекватна опрема за пописот да се спроведе главно на електронски начин и, наводно, да не се повторат проблемите од последниот неуспешен обид за спроведување на попис.

„Целта е да се обезбеди попис според највисоки меѓународни стандарди. На тој начин ќе нема простор за сомнежи околу добиените податоци кај ниту една заедница, етничка група или поединец“, рече премиерот во Собранието. Иако најави дека опремата за електронско поврзување на матичните евиденции ќе биде во Македонија до крајот на годинава, Груевски сепак, не го прецизираше датумот на изведувањето на големата операција. Тој само најави дека се извршуваат подготовки и рече дека се анализира начинот на теренско собирање на податоците, со којшто, откако околу 70 проценти од податоците ќе се соберат по електронски пат, теренската проверка би ја потврдила веродостојноста на собраните податоци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1