Еве што ќе гледате на македонските телевизии за дочекот на Новата година


Доколку останете дома за дочекот на новата 2014. година, македонските телевизии ќе понудат стандардна новогодишна програма со сериите кои ги следите секојдневно, многу музика и многу филмови. Тв Пакет пренесува што се ќе има на македонските телевизии.

New Year's Eve celebrations, London, Britain - 31 Dec 2012Македонската телевизија како и минатата година, така и овој 31. декември ќе понуди најбогата празнична програма. Во 17:45 часот започнува детското новогодишно шоу „Песна за моето срце“ со водителката Даниела Станоевска Џидрова. Во 18:50 часот следува новогодишна епизода на цртаната серија Дора, во 20:00 часот концерт на Танец и во 21:00 часот започнува новата сезона на „Танц со ѕвездите“. Новогодишното издание на Танцот ќе не запознае со новите натпреварувачи, а освен танц ќе слушнеме и многу музика. По полноќ следуваат филмовите „Казино Ројал“ и „Бришачот“.

Новогодишната програма на Сител започнува во 18:00 часот со квизот „Се или нешто“, потоа следува новогодишниот Дневник со гафови од изминатата година, во 19:45 нова епизода на најгледаната програма во Македонија – „Судбината на Фатмаѓул“. 21:00 часот е време за новогодишната емисија снимена во студиото на Сител, чија водителка е Снеже Велков. По влегувањето во новата година на Сител започнуваат филмовите „60 секунди“, „Клик“ и „Дус биголо европски жиголо“.

Дента за Нова година на Канал 5 ќе се емитуваат новогодишни емисии на „Билките на баба Рада“ и квизот „Среќни коцки“, а специјалната новогодишна програма започнува по редовните епизоди на турските серии „Притаени страсти“ и „Величествениот“. Програмата се вика „Сите на нозе“ и со неа гледачите ќе ја дочекаат Новата година во многу весела атмосфера заедно со Драган Вучиќ, водителите на телевизијата, како и многу естрадни ѕвезди. По полноќ ќе се емитуваат скопските концерти на Харис Џиновиќ и Северина.

Програмата на Алфа со новогодишна програма започнува уште во 10:45 часот наутро со концертот на Танец. Во текот на денот, ќе уживамe и со звуците на Љубојна и Мирослав Илиќ, а Андријана Алачки и новогодишната емисија за новогодишната трпеза ќе се емитува во 20:00 часот. По неа следува новогодишно издание на српското шоу „На сите времиња“, а главната прослава е со етно звуците на „Зајди Зајди“ и Зуица Лазова.

Новогодишна програма ќе емитуваат и локалните телевизии. На скопската Скај Нет ќе се емитува емисија снимена во ресторанот „Два Елена“.

 Тв Пакет

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1