Јулија Тарбат која е нутриционист и мотивационен тренер се одлучи во текот на 12 дена да јаде исклучиво само банани како би направила детоксикација на целиот организам.
Како што вели таа, бананите сами по себе се исклучително квалитетно овошје кое е многу калорично и кое содржи фруктоза, сахароза и глукоза, но и влакна, а токму оваа комбинација чини да се чувствувате сити подолг временски период.
Прво што таа забележала е големо олеснување во стомакот и тивко варење.
– Имав чувство дека воопшто немам стомак, бидејќи цревата ми работеа толку мирно. Исто така забележав дека сум многу поопуштена, не чувствував никаков стрес што беше навистина опуштачки. Бев и попозитивна и покреативна, вели Јулија.
Според нејзините зборови, покрај бројните благодети, таа забележаа и дека е многу подобро сконцентрирана во работата и дека има поостар фокус.
– По прв пат во мојот живот еден ден ми беше доволен за да ги завршам сите свои обврски. Не бев напната и можев да се фокусирам на било која задача, говори Јулија на која во овој експеримент ѝ се придружил и нејзиниот сопруг Пол.
Пол и Јулија се инаку вегани, па оваа диета не им била воопшто тешка за да ја применат, а дополнително бидејќи имаат своја фарма на која одгледуваат овошје и зеленчук, подготвувањето на оброци за нив не претставува никаква потешкотија.
Пред промената на режимот на исхрана, Јулија имала проблеми со зголемено ниво на шеќерот во крвта, но имала и дигестивни проблеми, кандида, патела од депресија и хормонски дисбаланс, а долг низ години не била во можност ниту да се реализира како мајка. Откако таа ги направила сите овие радикални промени, како што вели и таа самата, здравјето и е значајно подобрено, а родила и дете.
Меѓутоа, не би се сложиле сите лекари и нутриционисти со ваков начин на исхрана. Иако свежите намирници (овошје и зеленчук) имаат помалку соли и се богати со влакна, од друга страна, некои намирници ако се консумираат свежи можат да бидат и контрапродуктивни.
Карфиолот, прокељот и брокулите ја нарушуваат работата на штитната жлезда, па луѓето кои имаат проблеми со работата на оваа жлезда не би требало да ги консумираат овие намирници. Исто така, луѓето кои јадат исклучиво свежа храна се поподложни кон недостаток на витамин Б12, железо, цинк и калциум, што доведува до анемија и токму затоа ваквиот начин на исхрана не се препорачува кај повозрасните лица, бремените жени, доилките и децата.
Во секој случај, пред да се одлучите да направите радикални промени кога се работи за режимот на исхрана, најпрво информирајте се кај вашиот лекар и нутриционист и направете детална контрола на вашето здравје.