Откако вчера (17.03) беше објавена официјалната верзија заедно со спотот на нашата евровизиска песна која Даниел Кајмакоски ќе ја пее на англиски јазик со поинаков аранжман, песната е објавена и на официјалната евровизиска страница.
Слушателската публика ширум Европа го дава своето мислење во вид на коментари, кои повеќе се позитивни отколку негативни.
Имено, повеќето се воодушевени од изборот на англиски и новиот аранжман, а некои коментари одат дотаму што велат дека ова е најдобриот избор на Македонија досега.
Има и такви кои на срце веќе им легнала македонската верзија и жалат што е сменета, но во секој случај за Даниел имаат само пофални зборови.
Погледнете ги коментарите во продолжение, а ако и вие сакате да го дадете вашето мислење можете да го сторите на овој ЛИНК
Vistina.mk