Еве што одредува каква КАРМА ќе имате


Зборот „карма“ потекнува од индиската филозофија кој означува секое делување кое го движи кругот на причините и последиците.

Според хиндуистичкото учење секое родено суштество е душа која по смртта се реинкарнира и преминува во друго тело во согласност со законот на карма. Таа исто така е еден од најважните будистички поими каде преку учењето за кармата се истакнува посакуваниот момент и намера.

Самата карма не значи предодреденост бидејќи поединецот е слободен да дејствува во кругот на самата ситуација, па така неговата карма не ја одредува неговата реакција на одредена ситуација.

Нашата карма влијае врз нашиот мозок на два начина.

Првиот е наклонетоста –

ако човекот лесно избувнува, бесот ќе го води така да делува и понатаму (во секоја слична ситуација ќе биде наклонет да чувствува лутина). Ова наликува на магичен круг бидејќи стануваме наклонети да се однесуваме онака како што сме се однесувале и до сега, но останува на нас да одлучиме по кој пат ќе тргнеме.

Вториот начин на кој кармата влијае врз нас е влијанието на нашето доживување на стварноста и нашите искуства.

Она што го доживуваме главно доаѓа како реакција на нашите сетила. Во многу ситуации се чувствуваме навредени или бесни, што сериозно влијае на состојбата на нашиот мозок. Затоа кармата е еден од главните фактори кои ги одредуваат нашите искуства. Во таа смисла може да се каже дека нашите страдања потекнуваат од нашата карма и состојбата на нашиот ум.

Клучниот фактор во формирање на кармата е намерата. На пример, ако случајно згазнеме пајак, а не сме го ни приметиле, тогаш не постои намера. Но, доколку намерно тоа го сториме таа желба остава белег во нашиот ум.

Стануваме помалку чувствителни за животот како вредност па голема е веројатноста таквиот став да донесе многу непријатни искуства, а ние поради тоа во себе да чувствуваме повеќе омраза – со тоа одредуваме каква ќе ни биде кармата.

Оттука, па колку и да звучи парадоксално, ние одлучуваме дали ќе бидеме среќни и спокојни, или несреќни и вознемирени. Потребно е само да ја промениме перспективата од која ги набљудуваме нештата.

Според хиндуизмот сите ја пренесуваме кармата од живот во живот, при што таа се спротивставува со моралното чувство дека одредени страдања се незаслужени и дека заслужуваме сожалување. Од друга страна реинкарнацијата на многумина им нуди надеж – ако не успееме во овој живот ќе имаме можност во следниот и на тој начин се осигурува правдата. Според законот на кармата во секој живот го добивам тоа што сме го заслужиле!

Па така пазете што правите!

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1