Црнила и мирис на чад, тоа е се што остана од опожарените соби во студентскиот дом „Гоце Делчев“. Од собата во која пред два дена избувна пожарот изгорено е буквално сè, а вчера цел ден се работеше на дорасчистување на пеплосаните остатоци, колегите од Радио МОФ денеска биле во студентскиот дом.
Од Студентскиот Парламент денеска им доделија помош на своите колеги чии лични предмети во изгореа во огнот. Донации се собираа и од студенти и компаниите што сакаат да помогнат.
Два дена по пожарот, Премиерот Никола Груевски најави дека ова лето ќе се прави реконструкцијата на опожарениот блок во студентскиот дом „Гоце Делчев“, која веќе била планирана. Наскоро ќе биде објавен и тендер за идејно решение за изградба на нов студентски дом во „Медицинар“, информираше Премиерот, а старите бараки ќе бидат заменети со објект од цврста градба. Според Груевски, за реконструкција и изградба на училишта државата ќе потроши нови 11 милиони евра.
Повеќе инфо и фотографии на – РадиоМоф.мк