Еве што признаваат македонците пред смртта – Не се простуваат сите гревови


Македонските свештеници на последни причести доаѓаат најчесто на повици на семејствата чиј член е пред умирање, поради длабока старост или по некоја тешка болест, во текот на обредот свештеникот прашува дали тој некогаш сторил тежок грев, дали некогаш некого убил, помогнал во убиството, дали крадел, мамел, вршел прељуба… тие најкарактеристични Божји заповеди, пишува Дневник.

popovi– Се изненадив, на пример, кога на смртната постела човекот ми призна дека пред многу години извршил убиство, кое останало неоткриено до ден-денешен. Kога ми кажувале дека им правеле лошо на своите најблиски, дека украле вредни работи, дека вршеле прељуби… Искрено да ви кажам, сум слушал многу валкани работи што ги правеле луѓето, по што сум се прашувал дали и на ѓаволот може да му текне да направи такво нешто. Не можев да си поверувам и да си објаснам што се се крие под маската на луѓето во име на нивните амбиции за имоти, престиж, разни задоволства… – раскажува свештеникот Ристевски.

Откако ќе ја слушне целата исповед, свештеникот самиот решава за простувањето на сторените гревови. Според христијанските канони, најголемиот дел од гревовите се простуваат. „Те разрешувам од сите твои гревови, направени со мисла, знаење или со дело…“ , се зборовите што ги кажуваат свештениците, кои се наследници на апостолите и ја имаат моќта да ги простуваат гревовите.

Непростливи гревови

Но, не се простуваат сите гревови. Отец Ристевски објаснува дека, на пример, не може да се простат убиството и хулата на Светиот дух.

– Но, и во случај кога некој ќе ни каже дека сторил убиство и тогаш свештеникот проценува под какви околности е направено, дали се кае за тоа

Kога, на пример, се врши последна исповед на жена, свештеникот задолжително ја прашува дали во текот на животот некогаш извршила абортус. Познато е дека за Црквата, овој чин го поистоветува со убиство на недолжно дете. Ако жена извршила абортус, додека е с` уште жива, за овој тежок грев да ~ биде простен, таа преку своето покајание треба да помогне на тој начин што две жени што планираат да абортираат ќе ги разубедат и ќе помогнат да се откажат од тоа. Тие што извршиле убиства треба исто така да помогнат во спасување нечиј живот.

svestenik pop– Последните причести, сигурно, се едни од тешките обреди кои ги обавуваат свештениците. Но, и тие имаат голема функција бидејќи им помагаат на луѓето кои сториле одредени гревови да им олесни во душата и да од овој свет заминат со убедување дека нешто што ги оптоварувал цел живот им било простено – наведува отец Стојко Ристевски.

Еден друг свештеник од Скопската епархија на МПЦ-ОА, кој сакаше да остане анонимен, ни рече дека најтешката исповед што ја слушнал на една последна причест била кога тоа лице му признало оти во текот на животот вршел инцест.

– Тогаш ми беше најтешко да го слушам тоа и да го простам. Инаку, често сум слушнал и признанија за кражби, прељуби… Луѓето тогаш сосема си ја отвораат душата, а ние слушаме шокантни работи – вели свештеникот.

Свештениците на кои, на пример, некој човек пред својата смрт ќе им се исповеда и ќе признае дека убил некого или оти извршил кражба, не смеат да ~ пренесат на полицијата. На тоа ги обврзуваат каноните за чување на тајноста на нечија исповед. Во спротивно, им се заканува губење на свештеничкиот чин.

Целата сторија на – Дневник

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1