Еве што се ќе се гради во Скопје во наредните 3 години


Над 35 милиони евра следната година ќе се одвојат од градската каса за проекти наменети за изградба на комерцијални објекти, енергетска ефикасност,  реконструкција и доградба на објекти и фасади, изградба на магистрални и собирни улици, уредување на градежно земјиште, Луна Парк, и други проекти предвидени со Нацрт Планот на Програмата за развој 2016-2018 година. Пресметано за сите проекти од оваа програма вкупно во следните три години е планирано да се потрошат 99.756.029 евра.luna5

За реконструкција и доградба на објекти и фасади во следните три години од градската каса е предвидено да се одвојат близу 8 милиони евра.

За изградба на комерцијални објекти догодина се предвидени 1.463.414 евра, или вкупно за следните три години за оваа намена од градката каса е планирано да се одвојат 5.365.852 евра. Во оваа ставка спаѓа и изградбата на долгонајавуваниот Луна Парк.

Најмногу пари во следните три години или вкупно близу 64 милиони евра Градот ќе потроши за изградба на магистрални и собирни улици.

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1