Фотографијата од 77-годишниот Јоргос Хатзифотијадис го обиколи целиот свет, а за него пишуваа сите светски медиуми. Сепак, еден австралиски бизнисмен се одлучи да му помогне и се понуди да го извлече од кризата.
Фотографијата беше направена пред неколку дена кога безуспешно стоеше во редот пред три банки во Солун за да ја подигне пензијата за својата сопруга, а бидејќи во четвртата му е речено дека не може тоа да го направи, се расплака.
Кога тоа го видел Џејмс Куфос, менаџерот на една компанија од Австралија, сфати дека Јоргос од фотографијата е стар пријател на неговото семејство.
-Ги повикувам сите пријатели да му помогнат на овој човек, напиша на Фејсбук и додаде дека ќе му дава пензија се додека му е тоа потребно.
Јоргос одел на училиште со таткото на Џејмс, а живееле и во истото село.
-Ова е неверојатна и ретка прилика навистина да му се помогне на некого, изјави тој.