Eве што вели Јакимовски зошто се кандидирал (Видео)


Стевчо Јакимовски потврди дека се кандидирал за градоначалник на Карпош – тој им се обрати на гласачите и преку неговите фејсбук и твитер профили. Подолу пак во видеото е изјава дадена за Нова ТВ каде тој објаснува зошто донел таква одлука.

tvites stevce

(Интегрален текст превземен од фан страната на Јакимовски на facebook)

 Почитувани граѓани на Општина Карпош

Чувствувам морална обврска, како досегашен градоначалник на Општина Карпош и од скоро кандидат за градоначалник на следните локални избори, на граѓаните на Карпош, но и на целата јавност да им го соопштам следното:
Јас, Стевчо Јакимовски, поднесов и официјално кандидатура за градоначалник во законски утврдениот рок. Моите побуди за овој чекор се крајно чесни и добронамерни и пред се насочени кон иднината и доброто на граѓаните на Карпош.Мојот став е дека Карпош заслужува фер и политичка борба на „отворена сцена“.
fejs stevceМене, како профил на личност и како политичар, сметам дека не ме личи дефанзивно да ја предадам борбата за општината уште во самиот старт, уште пред почетокот на овие или било кои локални избори.Напротив, граѓаните на Карпош верувам дека не би ме препознале во таква улога и не го очекуваат тоа од мене,за што сведочат сите анкети на јавното мислење и поддршката и охрабрувањата што ги добивав од нив во целиот изминат период.
Она што сакам да кажам дека и во изминатите четири години, Општина Карпош беше единствената опозициска општина од 10-те во Градот Скопје, која успеа сама да опстои и не само тоа, туку да биде најуспешна и најпросперитетна општина потврдена не само во земјата, туку и надвор од неа. Во име на целиот тој четиригодишен влог јас решив да одам во фронтален дуел со кандидатот на владејачката партија.
Јас верувам пред се во силата, разумот и вистинската проценка на граѓаните на Карпош кои јасно можат да видат кој најмногу досега направи и ќе направи за нив и за нивната благосостојба, а тие со својот глас да го кажат последниот збор.
Стевчо Јакимовски,
кандидат за градоначалник на Општина Карпош

Видео – Нова ТВ

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1