Еве што значи ВОНРЕДНА СОСТОЈБА


Во услови на вонредна состојба, Владата добива и законодавна и извршна власт. Со тоа се олеснува нејзината работа во време на кризи и може да носи одлуки многу побрзо и поефикасно за добро на граѓаните, односно да управува со ресурсите на државата.

Како Владата го прави тоа?

Преку носење на Уредби со сила на закон, кои важат само додека трае вонредната состојба.

ℹ Дали ќе има полициски час или ограничување на движењето?

Во овој момент нема таква одлука, следете ги сите понатамошни одлуки на Владата и ќе бидете информирани за евентулани ограничувања на движење.

Во македонскиот Устав, изразот „вонредна состојба“ е спомнат вкупно единаесет пати во членовите, и тие го велат следното:

Член 54
Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот.
Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да бидат ограничени за време на воена или вонредна состојба според одредбите на Уставот.
Ограничувањето на слободите и правата не може да биде дискриминаторско по основ на пол, раса, боја на кожа, јазик, вера, национално или социјално потекло, имотна или општествена положба.
Ограничувањето на слободите и правата не може да се однесува на правото на живот, забраната на мачење, на нечовечко и понижувачко постапување и казнување, на правната одреденост на казнивите дела и казните, како и на слободата на уверувањето, совеста, мислата, јавното изразување на мислата и вероисповеста.

Член 126

При постоење на воена или вонредна состојба Владата во согласност со Уставот и со закон донесува уредби со законска сила.
Овластувањето на Владата да донесува уредби со законска сила трае до завршувањето на воената или вонредната состојба, за што одлучува Собранието.

ВТОР ДЕЛ

  • Кои човекови права неможе да се ограничат дури и во случај на вонредна состојба?

Одредени човекови права не се дерогираат во ниту една околност. ЕКЧП и МПГПП ги утврдуваат овие права како што следува:
• право на живот
• забрана на мачење
• забрана на ропство
• забрана на post facto законодавство и други судски гаранции
• право да се биде признат пред закон
• слобода на уверување, совест и религија.

Комитетот за човекови права на ООН, покрај горенаведените права кои не се дерогираат, признава дека има неколку други хуманитарни одредби кои мора да останат неповредливи.
• хумано однесување кон сите лица лишени од слобода
• забрани против земање заложници и недозволено затворање
• заштита на правата на лицата кои припаѓаат на малцинства
• забрана на пропаганда со која се пропагира војна или национална, расна или верска омраза
• процедурални гаранции и заштити наменети да обезбедат интегритет на судскиот систем.

  • Кои посебни овластувања може да се прогласат при вонредна состојба?

На Владата со Уставот или во пропишани закони ѝ се даваат посебни овластувања во случај на опасност. Примерите за мерки или овластувања во случај на опасност се бројни, на пример:
• ограничување или забрана на јавни собири
• внатрешно распоредување на вооружените сили
• евакуација или изолирање на луѓето од нивните домови и работни места
• пребарување на домови и други приватни места без налог, лишување од слобода без обвинувања
• регулирање на работењето на приватно претпријатие; мешање во финансиски трансакции и извозни прописи
• посебно законодавство за да се казни непридржувањето кон прописите за опасност

Во вонредна состојба, надлежноста на владата мора да остане кај цивилните органи на национално и локално ниво. Безбедносните сили им помагаат на цивилните органи во една подредена улога.

  • Кои механизми и приоди може да помогнат во заштитата од злоупотреба на овластувања во случај на опасност?

Улогата на парламентот

Повеќето правни системи обезбедуваат извршната власт да не е единствената која има овластување да прогласи вонредна состојба и пропишуваат ратификација на
одлуката на извршната власт од страна на парламентот – честопати со квалификувано мнозинство. Како општо правило, владите, контролирани од страна на парламентот мора да дадат добро осмислено образложение како за нивната одлука да прогласат вонредна состојба, така и за посебните мерки за да се реши ситуацијата.
Ова е подеднакво и при проценка на однесувањето на владата така и при согледување на научените лекции во поглед на идни опасности.

Улогата на судскиот систем

Судскиот систем мора да продолжи да го обезбедува правото на правично судење.
Тоа исто така мора да им обезбеди на поединците ефективни правни лекови во случај службените лица на владата да ги повредат нивните човекови права.
Со цел да се заштити повредата на правата кои не се дерогираат, мора да се заштити правото да се поведе постапка пред суд по прашања кои се однесуваат на законитоста на мерките за опасност преку независност на судството.

Улогата на цивилното општество

Ситуацијата на опасност врши огромен притисок врз државата и општеството. За да се реши ова ефективно, на владите им е потребна соработката со нивните граѓани. Секоја злоупотреба или неоправдано ограничување на човековите права во таква ситуација ќе ја поткопа таа соработка и значително ќе го отежни надминувањето на ситуацијата на опасност. За државата е од витален интерес да ја реши вонредната состојба на еден отчетен и одговорен начин.

Најчесто, вонредната состојба ѝ дава овластување на извршната власт да именува службени лица за координација кои ќе работат со опасноста и ќе ги остават настрана вообичаените административни процеси во врска со донесување на административни правила.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1