Бразилската манекенка Андријана Лима се уште не размислува да се смири со сопругот, кошаркарот Марко Јариќ. Лима го фатила Марко во измамата, а тоа го правел, ни помалку ни повеќе, во нивната фамилијарна куќа во Мајами со сосетката.
Приателите на Андријана дознале многу брзо за неверството на Марко, бидејќи се ширело со огромна брзина. Инаку, жената со која Јариќ се гледал е мажена за многу богат човек и живее во непосредна близина на нивната куќа.
На Лима почнале веднаш да и се склопуваат коцките и инстинтивно се уверила сама во сите тие сомнежи кога пронашла пораки во телефонот на Марко, но и траги во куќата кои јасно покажувале на женско присуство додека Лима и децата не биле таму. Марко испуштил неколку ситни детали кои острото женско око веднаш ги забележува. После тоа следела жестока расправија која се резултирала со заминување на Андријана од куќата, заминала во Берлин, а потоа во Турција.
Според законот во државата во која се венчани, по завршувањето на бракот, Адриана Лима и Марко Јариќ ќе го поделат сиот имот на два дела.
Бразилската манекенка Адријана Лима и поранешната NBA ѕвезда Марко Јариќ заедно имаат околу 210 милиони долари, кои наскоро ќе морат да ги поделат, со оглед на тоа што не потпишале предбрачен договор.
Јариќ е три пати побогат од Лима (160 милиони), додека Лима има 50. Прочуената Бразилка најголемата заработувачка ја остварила од „Викторија сикрете“, додека нејзиниот сопруг освен како поранешен кошаркар има и успешен приватен бизнис.
Нивниоте најскапи недвижности:
Пентхаус во Њујорк – 5,5 милиони долари.
Јахта „Zeelander 44” – милион долари.
Вила на Флорида – 10 милиони долари.
Вила на Беверли Хилс 1,9 милион долари.