Познатите глумици Гвинет Полтроу и Шалин Вудли го привлекоа вниманието на јавноста со новиот тренд за убавина, кој има корени од древната ајурведска медицина.
Станува збор за терапија со секојдневно плакнење на усната празнина или премачкување со масло, со што наводно се отстрануваат отровите од телото, се зајакнува имунитетот, исчезнуваат главоболката и забоболката, бронхитисот, болести на цревата, срцето и на бубрезите, женските болести, грчеви и низа други заболувања, а покрај сето тоа на овој начин се избелуваат и забите.
– Неодамна почнав да се премачкувам со масло. Ставам во устата кокосово масло и ја плакнам 20 минути, што е одлично за здравјето на усната празнина и за избелување на забите – вели Полтроу и додава дека тој метод е одличен и за здравјето на кожата.
Оваа терапија потекнува од ајурведата, според која усната празнина е предизвикувач на многу болести. Меѓутоа, маслото никако не е замена за четкичката и пастата за заби.
– Маслото не би требало да се применува за лекување болести на усната празнина како што се кариесот или болести на непцата. Тоа може да биде само превентивно и може да се практикува заедно со преостанатите хигиенски навики. Чистењето на забите со масло никако не смее да ве одвлече од посетата на забар – предупредува американскиот професор за дентална хигиена Мајкл Харлбут.