Еве ви за Сирија! – Маж со мачета рани три лица во лондонското метро


Маж, вооружен со мачета, рани три лица во лондонското метро синоќа, пренесе британски „Телеграф“.

Според изданието, инцидентот се случил на станица Лејтонстоун. Лондонската полиција го уапси напаѓачот.

Според сведоците,  пред нападот тој извикал: „Еве ви за Сирија!”hapsenje-620x350-26182

Велика Британија се вклучи во воздушните напади против Исламската држава во Сирија пред три дена.

Според податоците на локалните медиуми еден човек е сериозно повреден, но неговиот живот не е во опасност, а други двајца добиле лесни повреди.

ТАСС соопшти дека лондонската полиција инцидентот го истражува како терористички акт.

– Го разгледуваме како терористички акт, изјавил по телефон за дописникот на ТАСС претставник на Скотланд Јард.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1