Луфтханза: Патникот се обидувал да направи нешто сомнително со вратата на кокпитот (ФОТО)


Германската авиокомпанија Луфтханза потврди дека еден патник на летот Франкфурт-Белград по слетувањето ѝ бил предаден на српската полиција.

Патникот, кој беше идентификуван како Јорданец со пасош на САД, се обидел да направи „нешто сомнително“ на вратата која води кон кокпитот.124404

„Човекот стана и се обиде нешто на вратата, но во тоа го спречија членови на екипажот и други патници“, изјави за Франс прес портпаролот на Луфтханза Андреас Бартелс.

Според него, на патникот му било кажано дека не смее да станува до крајот на летот и веднаш по слетувањето во Белград ѝ бил предаден на полицијата.

Портпаролот на германската авиокомпанија не го соопштил идентитетот на проблематичниот патник, но српските медиуми јавуваат дека е Јорданец и дека се презива Локен.

Драмата почнала на небото над Австрија, кога Јорданецот се заканил дека ќе ја отвори вратата на авионот. Тој најпрво тропал на вратата на кокпитот извикувајќи „Ќе ја отворам вратата на авионот!“.avion-del

Сепак дел од патниците успеале да го совладаат и авионот безбедно слетал во Белград во 12:45 часот.

По завршувањето на драмата, според првичните информации, екипажот на авионот, не ја пријавила вонредната ситуација до контролата на летот, туку авионот непречено слетал на белградскиот аеродром.

По слетувањето полицијата влегла во авионот и го изнела проблематичниот патник.

„Курир“ пишува дека станува збор за американски државјанин со име Лакен, кој има јорданско потекло, кој се обидел за време на летот да ја отвори вратата и да го урне авионот.

Весникот додава дека во авионот меѓу останатите биле и играчите на ракометниот клуб „Војводина“.

– Лакен сакаше да ја отвори вратата и да предизвика хаос. Цело време зборуваше како да го загубил разумот и дека сака сите да одиме кај Алах. Ситуацијата беше тензична. Несреќата, за среќа беше спречена. Лакен беше ставен под контрола од играчите на ракометниот клуб Војводина и авионот безбедно слета во Белград, изјави извор на „Курир“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1