Српските медиуми пренесоа сензационална вест дека ракометарите на Војводина, меѓу кои и поранешниот „вардарец“, Русинот Растворцев, спречиле терористички напад во авионскиот лет од Франкфурт за Белград.
Но, ракометарот на Војводина, Горан Тркуља, за „Мондо“ ја пренесува вистината околу тоа што се случувало на летот од Франкфурт до Белград. Како што вели Тркуља, воопшто не се работело за терорист, како што пренесоа српските медиуми, но проблематична личност која очигледно имал психолошки проблем, па го фатило хистерија при летот.
„Да, тоа лице имаше капа, брада, и да не се лажеме изгледаше како терорист, но немаше никакво спомнување на Алах или нешто слично. Тој се однесуваше чудно и беше сомнителен уште пред да полетаме. Јас седев две места позади него, и гледав дека постојано се вртеше, шеташе низ авионот барајќи место“ – вели Тркуља, кој заедно со соиграчите се враќаше во Србија по натпреварот во ЛШ против Порто кој го играа новосаѓани.
Ракометарот на Војводина дополнува дека станал проблематичен на средината од летот, поради што
„Некаде на средина од летот скокна и се обиде да ја отвари помошната врата. Едно лице веднаш го смири, но потоа повторно се обиде. Сепак, не викаше воопшто, не беше агресивен, но се гледаше дека е уплашен. Дојде стјуартот и потоа го премести во бизнис класата, а нас не прашаа дали може да го причиваме, па помошниот тренер Мирковиќ и Растворцев отидоа таму да го причуваат до крајот на летот. И таму беше нервозен, се чувствуваше непријатно, два пати се обиде да стане но го вратија. По слетувањето го презеде обезбедувањето на аеродромот. Нема никаква вистина дека удирал по кокпитот, немаше галама, не беше агресивен и немаше никакво спомнување на Алах. Голем дел од луѓето во авионот дури и не знаеја дека нешто се случува, и немаше никаква паника, ниту пак било каква борба со него“ – раскажува Тркуља.
По деталната истрага по слетувањето на авионот во Белград, утврдено дека лицето било Јорданец по потекло со јордански и со американски пасош. Според неофицијалните информации во Белград се упатил кај таткото кој тука живеел, а се работи за психички нестабилна личност која неколку пати, според официјални податоци, психијатриски се лечела во Германија.










