Еве зошто била рацијата на излезот од Охрид – најдено оружје и пари


СВР  Охрид против албанскиот државјанин педесет и едно годишниот А.П.,  поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

novivozilapolicijaskodajetiНа 19-ти овој месец, околу 13,40 часот, на ул.„Коста Абраш„ во Охрид при преглед на патничко моторно возило „митцубиши“ со албански регистарски ознаки сопственост на пријавениот пронајден е пиштол „Специјал-38“ со пет куршуми во истиот.

Воедно  во  платнена чанта, сместена во фиока помеѓу двете предни седишта, пронајдени се 7 куршуми  и два ножа во футроли. Оружјето, пријавениот нелегално го чувал во својот дом во Поградец односно не поседувал никаква документација.

При преглед, кај пријавениот пронајдени се 10.100 денари, 900 американски долари, 35.700 албански леки и 70 евра во различни апоени, кои се одземени за понатамошна постапка и вештачење.

Во возилото, покрај пријавениот се наоѓале уште три други лица, сите албански државјани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1