Еве зошто мора да пазите – што е разлика туристичките агенции со лиценца ,,A” и лиценца ,,Б”


Туристичките агенции за вршење на дејноста мора да имаат лиценца за вршење на туристичката дејност.  Лиценцата може да биде лиценца “А” и лиценца “Б”. Лиценцата ја издава органот на државната управа надлежен за работите од областа на туризмот или овластена институција.

Периодот на важење на лиценцата е неограничен.20130615-doznajte-gi-vashite-prava-i-obvrski-pri-skluchuvanje-dogovor-so-turistichkite-agencii-1

Туристичка агенција со лиценца ,,А”

Имателот на лиценца „А”, може да врши организирање на туристички патувања во земјата и во странство (туроператорска дејност).

За продажбата и реализацијата на туристичкиот аранжман, туристичката агенција која има добиено лиценца „А” склучува договор со корисникот на туристичките услуги.

Туристичка агенција со лиценца ,,Б”

Туристичката агенција, носител на лиценца „Б” може да врши продажба и посредување на туристичките патувања организирани од вршителите на туристичката дејност со лиценца „А”, како и други услуги во согласно Законот за туристичка дејност.Туристичката агенција – посредник со лиценцата Б која нуди продажба и продава туристичко патување на организаторот на патувањето, е должна во патничката програма и потврдата за патување да го назначи својството во кое настапува, бројот на лиценцата на организаторот на патувањето и на патникот да му ја врачи непосредно или по електронски пат, истовремено со издавање на потврдата за патување, програмата и општите услови на патување на организаторот на патување.Овие туристички агенции нудат и продаваат само туристички патувања на организаторите на патувања, со кои има склучено договор за посредување и тоа под исти услови, како и организаторот на патувањата.

Услови за давање на лиценца „А”,и лиценца „Б

За добивање лиценца „А” туристичката агенција мора да ги исполнува следниве услови: -организатор на патување

1) да склучи годишен договор со осигурително друштво за осигурување за одговорност од вршење на дејноста во износ од 100.000 евра во денарска против-вредност или да обезбеди банкарска гаранција во износ од 100.000 евра;

2) лицето кое раководи со туристичката агенција треба да има сертификат за раководење со туристичката агенција;

3) да има најмалку четири вработени лица, од кои најмалку едно лице со високо образование и две лица со доказ дека познаваат еден од светските јазици и

4) да има туристички придружник при секоја реализација на патувањето во земјата и странство за најмалку десет лица, како и туристички водич за посета и разгледување на туристичките места.

За добивање лиценца “Б” туристичката агенција – посредник во продажба на туристичко патување, мора да ги исполнува следниве услови:

– да има најмалку едно вработено лице, со доказ дека познава еден од светските јазици и

– да има склучено договор за соработка со туристичка агенција – организатор на патување со лиценца “А”.

За да се стекне со сертификат за раководење со туристичката агенција лицето треба да полага стручен испит пред испитна комисија. Испитната комисија за полагање на стручен испит за добивање на сертификат за раководење со туристичка агенција, ја формира високообразовната установа за туризам и угостителство.

Престанок на лиценцата

Лиценцата престанува да важи:

  • врз основа на барање на носителот на лиценцата за бришење од Регистарот на туристичките агенции;
  • врз основа на решение за одземање на лиценцата и
  • ако туристичката агенција во периодот на важење на лиценцата престане да ги исполнува условите за вршење туристичка дејност, односно определените услови за
    добивање соодветна лиценца предвидени во членовите 31 и 32 од овој закон.
  • организаторот на патувањето во периодот на важење на лиценцата престане да исполнува најмалку два од предвидените услови за добивање лиценца;
  • на организаторот на патување во периодот на важење на лиценцата му биде изречена повеќе од два пати прекршочна и управна мерка, поради неисполнување на обврските предвидени во Законот за туристичка дејност и
  • туристичката агенција – посредник со лиценца “Б” продава сопствени туристички аранжмани.

 

–ПРАВДИКО–

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1