Директорот на Левис: Не ги перете фармерките – еве зошто и како да ги чистите


Директорот на најпознатиот светски бренд фармерки „Леви Штраус“, Шип Берг, ги повика купувачите да не ги перат своите фармерки, за да штедат вода

farmerkiКако што истакна тој, водата е еден од најзначајните ресурси.Учествувајќи на конференција за екологија, Берг напомена дека фармерките кои тој ги носел во тој момент, „не виделе машина за перење цела година“. Тој истакна дека доволно е со сунѓер или стара четка за заби да се отстранат флеките и редовно да се проветруваат фармерките.

Берг, исто така советуваше, фармерките да се чуваат во замрзнувач, за да се намали ширењето на микроби и да се елиминираат непријатните мириси.

-Никогаш до сега не сум добил кожна болест, истакна тој, поткрепувајќи ја својата теорија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1