ЧУДО: Туризмот во Македонија, конечно во подем


Субвенции за туроператорите и авиокомпаниите, промоција на Македонија, изградба и уредувања на плажи, земјиште за хотели со почетна цена од евро за квадрат. Бројните проекти го поттикнаа развојот на македонскиот туризам. Од 220 илјади странски туристи во 2007-та, лани нивниот број се зголемил на 425 илјади.

Од секторот јавуваат за исполнети капацитети и потреба од изградба на нови хотели.dojran plaza mk

Меѓу инвестициите на државата се и уредувањето на крајбрежјата на природните езера. Последна меѓу нив е 500-метарската Стење на Преспанското езеро во која се вложени 950 илјади евра.  Премиерот Груевски најави дека проектите во туризмот продолжуваат.

Во првите пет месеци бројот на странски туристи е зголемен за 17 проценти, а во јули на аеродромите имало рекорден број на патници,185 илјади, што претставува раст од 28 проценти.

Субвенциите ги привлекоа трите најголеми тур оператори во светот. ТУИ и Корендон веќе носат десетици илјади туристи, главно од земјите од Бенелукс. Од неодамна се воспостави нискобуџетниот лет Лондон – Охрид,  па во земјава дојде и британскиот тур оператор Филип Кук со кој треба да се потпише договор за туристи од Британија.

Туризмот е гранка со голем потенцијал која обезбедува девизен прилив и ги поттикнува локалното стопанство и вработувањата. На пример, хрватската економија се очекува годинава да инкасира рекордни осум милијарди евра од туризмот. Се работи за клучен приход во инаку презадолжената држава.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1