Еве зошто на лекарите им „пука филмот“ – што се мора да им објаснуваат на пациенти


Изгледа има многу луѓе на светов кои не знаат некои основни работи за човечкото тело. Верувале или не, овие мини приказни се вистински искуства на докторите, а ги објави порталот Кафе Пауза.

Имав 20-годишна пациентка која не знаеше дека сексот може да доведе до бременост. Немаше поим!

alo lekarЖена дојде на контрола со своето 6-месечно бебе и изгледаше како да има чоколадно млеко во шишето. Почнав да ѝ објаснувам, колку што можев поучтиво, дека не смее да му дава чоколадно млеко на нејзиното бебе. Во тој момент таа ме прекина и рече: „А, тоа не е чоколадно млеко. Кафе е! Едноставно го обожава!“

Имав пациентка која дојде на контрола за сексуално-преносливи болести. Беше многу вознемирена постојано објаснувајќи ми дека имала само еден партнер. Продолжувајќи со мојата проценка, таа ми откри дека дури и ако тој спиел со други, не требало да има врска бидејќи тој секој пат користел кондом и се грижел темелно да го измие после секоја употреба.

Еднаш морав да го користам зборот к*р наместо пенис бидејќи пациентот не го знаеше соодветниот термин за неговите гениталии.

Една жена ја мерела температурата на своето бебе така што прво ја загревала рерната и ја ставала едната рака пред неа додека со другата рака го допирала челото на бебето. Таа ѝ кажала на сестрата дека бебето има температура од 250 степени.

Морав да ѝ објаснувам на 27-годишна жена дека неделното крварење што го има секој месец е нормално и зошто. Таа има две деца.

rbet lekarНа една госпоѓа требаше да ѝ го ампутираат стапалото, па ѝ дадовме да потпише формулар за согласност пред операцијата. Нејзиниот пријател ја праша дали има потреба да размисли за тоа. Таа беше многу ноншалантна и изгледаше како да не ѝ е многу грижа што ќе ѝ прават. Нему му стана сомнително и ја праша зошто не е повеќе загрижена. Таа рече дека сфаќа дека мора да ја оперираат и дека тоа е ОК бидејќи стапалото повторно ќе ѝ порасне.

Сум морал да информирам неколку пациенти дека кондомот се навлекува само на „рачката“ и дека не треба да се влече надолу за да ги опфати тестисите.

Еднаш имав пар кои се обидуваа да зачнат повеќе од две години. Им ги поставив вообичаените прашања: колку често имате секс, дали сте имале претходна бременост итн., итн. Понекогаш изгледаа чудно за време на консултациите, па продолжив да поставувам прашања. На крај прашав дали тој ејакулира додека е внатре во вагината. Двајцата ме погледнаа збунето. Испадна дека тие воопшто немале полов однос. Ми беше непријатно, но морав да им објаснам како функционира половиот однос. Морав да се послужам со цртежи.

lekari03Постар човек дојде во мојата ординација жалејќи се на нова точка која ја забележал на неговите гради. Морав да му кажам: „Господнине, тоа ви брадавица, сите имаат.“

Доаѓа пациентка и многу е вознемирена. Бремена е и не може да сфати зошто. Користи антибеби таблети. Откако зборевме на долго, дознав дека таа ги зема таблетите само во оние денови кога е сексуално активна, никогаш друг пат.

Една млада жена дојде да си подигне вагинален прстен (прстен кој се става вагинално за да спречи бременост). Дојде после месец дена да земе нов, а стариот го носеше на нејзиниот зглоб како алка.

Доаѓа пациентка со нејзиниот најдобар другар. Тие се некако револтирани како да можев да ја спречам бременост. Што бил проблемот? Па, антибеби пилулите не ѝ одговарале на девојката на стомакот, па овој како доблестен пријател, почнал да ги пие наместо неа.

Морав да ѝ објаснам на пациентка дека фластерите не лечат туку само ја покриваат раната. Пациентката се обидувала да се излечи од дијабетес тип 2, така што целата се излепила со ханзапласт.

Му го објаснував лекувањето на мажот на пациентката која требаше да ја пуштиме од болница. Тој цело време кимаше со главата и се согласуваше со мене, но знаев дека не ме разбира баш. Испадна дека главниот проблем бил во тоа што за лековите го употребував зборот таблети, а тој немаше поим што значи тоа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1