Трагедија во Шпанија: 16-годишен фудбалер почина на теренот


Ужасна вест стигна денес од Мурсија, откако стана јасно дека 16-годишно момче починало за време на фудбалски натпревар, пренесува ЕФЕ​​, повикувајќи се на извори од регионалната федерација.

Вчера Естебан Л.М. паднал на земјата непосредно пред крајот на првото полувреме на дуелот помеѓу локалните Еспинардо и Каравака од локалната јуниорска дивизија, по што е починал во 20:30 часот по локално време. Сеуште не е јасна причината за трагедијата, а во шпанските медиуми се сретнуваат само зборовите “ненадејна смрт”.spain4

“Се јавивме на брза помош и тие дојдоа 20 минути подоцна. Не успеавме да му го спасиме животот, иако добивавме инструкции по телефон. Правилна масажа на срцето и дишење уста во уста”, изјави претседателот на Еспинардо, Естебан Лухан.

Таткото на момчето бил меѓу публиката и гледал како неговото дете умира. По пристигнувањето на брзата помош, околу еден час докторите се обидувале да го реанимират момчето, но безуспешно. Лухан изрази огромно разочарување, но во близина немало дефибрилатор. Во присуство на таков апарат детето имало поголеми шанси да преживее.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1