ЕВН изгуби судски спор за кражба на струја


Обвинителството и ЕВН поднеле обвинение против штипјанец за кражба на струја, но во текот на судската постапка било утврдено дека обвинетиот не бил сопственик на објектот каде што имало врзано струја без броило

struja1Штипјанец, обвинет за крадење струја, бил ослободен од обвинение. Несекојдневна одлука во штипскиот основен суд била изречена минатиот месец. Обвинетиот  М.М., вработен во приватна фирма, со завршно високо образование, инаку веќе осуден за злоупотреба на службена должност на затвор 18 месеци, од кои 11 ги издржал, се нашол на суд за крадење струја на објект што тој не го поседувал.

ОБВИНЕНИЕ

Според обвинителниот предлог, во временскиот период од 26 јануари 2010 до 25 јануари 2011 година во неговиот дом неовластено се приклучил на електричната мрежа без броило за мерење електрична енергија, на оштетената ЕВН-КЕЦ-Ш, при што искористената електрична енергија воопшто не поминувала преку броило и на тој начин одзел немерена електрична енергија во износ од 238.037 денари. На овој начин обвинетиот М.М. сторил кривично дело кражба. Првото обвинение го поднело обвинителството во Штип, но потоа обвинителот се откажал од гонење, но претставникот на оштетената „ЕВН-Македонија“ го презел кривичното гонење против обвинетиот М.М. за кривично дело кражба. Биле предложени докази и било побарано обвинетиот да биде осуден.

evn zgradaНа главниот претрес обвинетиот М.М. бил сослушан и негирал дека крадел струја. Во доказната постапка судот ги распрашал претставникот на оштетената „ЕВН-Македонија“ – И.С. и сведоците И.С. и П.С. Од доказите судот утврдил дека на име на обвинетиот немало пријавено електрично броило.

Обвинетиот М.М. бил сопственик на објект лоциран на спорното место, а кој всушност бил во состав на фирмата „Т.Ч.“. Но пред десет години објектот бил продаден на друга фирма што инвестирала во објектот, но потоа тој се руинирал и не функционирал. Обвинетиот М.М. во ЕВН нема пријавувано електрично броило ниту на негово име.

На 25 јануари лани електромонтери при вршење техничка контрола на мерни места на потрошувачите направиле контрола во објект во населбата каде што е спорниот објект.

ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА

По извршената контрола на мерното место – броило што во билинг-системот на „ЕВН-Македонија“ не е заведено, контролорите Р.К. и Н.А. на самото место констатирале дека во објектот имало струја, а немало броило, така што истиот тој бил приклучен директно на електричната мрежа без броило за мерење на електричната енергија, при што електричната енергија што се користела воопшто не поминувала преку броилото и не се мерела.

sudВо судница било разјаснето дека неспорно било дека обвинетиот М.М. не поседува објект во спорната околија, тоа судот го утврдил по документи од Катастар. Неспорно било и дека при извршената контрола на „ЕВН-Македонија“ било утврдено дека се крадела струја. Но немало ниту еден материјален ниту вербален доказ. Судот со сигурност утврдил дека обвинетиот не е сопственик на предметниот објект ниту, пак, дека тој објект е негов дом, како што тврдела ЕВН и дека крадел струја.

Во ослободителната пресуда е наведено и дека објектот е руиниран и не функционален и дека тој бил празен и не бил ниту обезбеден, а ниту, пак, влезната врата му била заклучена. Исто така, неспорно е и тоа дека обвинетиот за критичниот период немал добивано ниту сметки за потрошена електрична енергија за спорниот објект.

ЕВН има право на жалба.

Извор – Кристина Мачкиќ за Нова Македонија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1