ЕВН најави исклучувања – еве каде ќе нема струја


ЕВН Македонија известува дека утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Студеничани, Гази Баба, Илинден, Центар и Ѓорче Петров.skapa struja sijalici

Во општина Студеничани без електрична енергија од 08.30 до 14.30 часот ќе бидат дел од корисниците од село Љубош, во општина Илинден од 09.00 до 14.00 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од село Кадино, корисниците од село Марино и Бела Земја, фирмите Хавеп, Натам и фармата Илинден и корисниците од селата Булачани, Црешево, Љубанци и Раштак во општина Гази Баба.

Во општина Центар во периодот од 10.00 до 10.30 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од бул. Теодосиј Гологанов бр. 56, 58, 60, 126, 128, 130 и 132, дел од фабриката Треска, сервис Данлоп, корисниците од ул. Рузвелтова бр. 5, 7 и 9, ул. Христо Смирненски бр. 46, 48, 53, 55 и 64 и корисниците од ул. 9 Мај бр.17,20 и 44 и во периодот од 10.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 60 во село Волково во општина Ѓорче Петров.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1