ЕВН одбива да даде отштета за прекините на струја


Граѓаните од Мавроводо-рекавскиот крај кои поднесоа барање до ЕВН за отштета поради двонеделниот прекин на електричната енергија, добија одговор дека станува звор за виша сила и дека нема да добијат никаква надокнада.

Жителите од погодените подрачја беа отсечени од блиските населени места, храната во фрижидерите кои се размрзнаа им се расипа, а оние што се грејат на струја, останаа без греење на минус 12 Целзиусови степени.evn-fakturi-golemi

Во дописот од ЕВН пишува дека тие вложиле максимален напор, но станува збор за случувања кои се надвор од нивната контрола.
„Искрено сочувствуваме со ситуацијатао која се наоѓате. Лошите временски услови, интензивните врнежи од снег, ниските температури и силните ветрови влијаеја на системот и на непречно и континуирано снабдување со електричната енергија.самите услови предизвикаа прекин во снабдувањетона 110 калекувод, на преносниот систем на охридско-струшкиот регион, а следствено и на дистрибутивната 35 кв и 10/20 кв. Далекуводи на ЕВН-Македонија. Согласно мрежните правила на дистрибуција на електрична енергија, Операторот на дистрибутивниот систем не може да обезбеди сигурна и континуирана испорака на електрична енергија при дефекти во дистрибутивниот систем или во електроенергетските објекти и приоколности кои се наоѓаат надвор од контролата на операторот (виша сила)“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1