Еврокомесарот пречекан со транспарент: „Господине Хан, казино правило број 1, домаќинот секогаш победува!“


„Господине Хан, казино правило број 1, домаќинот секогаш победува“. Транспарент со ваква порака насочен кон еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, можеше да се забележи денеска на влезот од Скопје при неговото пристигнување.han-1-640x360

Ваквата порака до еврокомесарот доаѓа откако неодамна повеќе медиуми објавија дека Хан бил дел од надзорниот одбор во моќната компанија Новоматик од 1997 до 2003 година, компанија која е во казино бизнисот, но и во технолошката гранка на производство на софтвер за казина.

Оваа компанија во 2014 го купува македонското казино „Фламинго“. Некои од медиумите одеа уште подалеку, тврдејќи дека Хан во сенка всушност бил сопственик на Новоматик, други пак говореа за поседување акции на Хан во ова казино, како и поврзаност со казината и кладилници Сенатор и Астра.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1