И покрај тоа што Обединетите нации објавиле дека во периодот од 2010 до 201. година, бројот на жителите на планетата пораснал за 1.2 проценти, природниот пораст во европските земји во главно е негативен.
Бројот на родените луѓе во повеќето европски земји изнесува помалку од десет на илјада жители. Впечатливо е и издвојувањето на Косово кое бележи годишен раст на популацијата од 0,9 отсто, додека меѓу западните земји водат Луксембург (годишен раст на популацијата од 2,3 отсто), Велика Британија и Белгија (0,6 отсто) и Франција (0,5 отсто).
Податоците врз основа на кои била изработена мапата се преземени од Светска банка. Мапата покажува колкава е стапката на наталитетот во европските, но и во останатите земји во светот, од кои повеќето се значително пред Европа.
– Се наоѓаме во момент кога бројот на луѓето кои умираат не се заменети со бројот новородените. Тоа значи дека ние сме земја која изумира, опомена неодамна италијанската министерка за здравје Беатриче Лоренцин.
Меѓутоа, Италија никако не е осамен пример за изумирање на една нација токму на стариот континент. Всушност, на ниво на цела Европа главно се бележи значаен пад на наталитетот.