Европа изумира: Европејци сè раѓаат се помалку


И покрај тоа што Обединетите нации објавиле дека во периодот од 2010 до 201. година, бројот на жителите на планетата пораснал за 1.2 проценти, природниот пораст во европските земји во главно е негативен.Screenshot_6

Бројот на родените луѓе во повеќето европски земји изнесува помалку од десет на илјада жители. Впечатливо е и издвојувањето на Косово кое бележи годишен раст на популацијата од 0,9 отсто, додека меѓу западните земји водат Луксембург (годишен раст на популацијата од 2,3 отсто), Велика Британија и Белгија (0,6 отсто) и Франција (0,5 отсто).

Податоците врз основа на кои била изработена мапата се преземени од Светска банка. Мапата покажува колкава е стапката на наталитетот во европските, но и во останатите земји во светот, од кои повеќето се значително пред Европа.

Еден од најрепрезентативните примери е токму Италија, земјата во која е забележан најнизок природен прираст уште од основањето на самата држава во 1861-вата година.

– Се наоѓаме во момент кога бројот на луѓето кои умираат не се заменети со бројот новородените. Тоа значи дека ние сме земја која изумира, опомена неодамна италијанската министерка за здравје Беатриче Лоренцин.

Меѓутоа, Италија никако не е осамен пример за изумирање на една нација токму на стариот континент. Всушност, на ниво на цела Европа главно се бележи значаен пад на наталитетот.

 

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1