Жителите во регионот на 20 март ќе имаат прилика во претпладневните часови да го набљудуваат делумното затемнување на Сонцето, соопштило астрономското друштво „Руѓер Бошковиќ“ од Белград, пренесува српски „Курир“.
Ова промрачување како целосно ќе се види во полукружниот појас околу Гренланд и Исланд во северниот дел на Атланскиот океан, а делумно ќе се види во Европа, Северна Африка и западна Азија.
Месечевата сенка ќе ја допре површината на земјата во 10.10 часот претпладне, а последниот контакт со неа ќе биде во 11.21 часот. Како што се наведува во соопштението од астрономското друштво, во Белград првиот контакт на Месечината и Сонцето ќе се случи во 10.49 часот, кога Месечината ќе покрие 51 процент од Сонцето.
Во Нови САД времето наљ првиот и последниот контакт ќе биде исто, а максимално помрачување ќе се случи во 10.48 часот и тогаш Месечината ќе покрие 52 отсто од Сонцето, додека во Ниш првиот контакт на Месечината и Сонцето ќе се случи во 9.41 часот, а последниот во 11.59 часот.
Максималното помрачување кога Месечината ќе покрие 46 отсто од Сонцето ќе биде во 10.49 часот, додека во Подгорица тоа ќе биде во 10.44 часот, кога Месечината ќе покрие 47 отсто од Сонцето. Првиот контакт на Месечината и Сонцето ќе биде во 9.36 часот, а последниот во 11.54 часот.
Како што е наведено во соопштението во Бања Лука првиот контакт на Сонцето и Месечината ќе се случи во 9.35 часот, а последниот во 11.55 часот. Максималното помрачување ќе се случи во 10.44 часот и Месечината тогаш ќе покрие 54 отсто од Сонцето. Појавата може да се набљудува низ специјални очила за помрачување на Сонцето, низ заштитно стакло на апарати за заварување .
Најбезбедно е да се набљудува оваа појава со телескоп кој има специјални филтери за Сонце. Оваа година од Земјата ќе може да се набљудува уште едноз атемнување на Сонцето кое ќе се случи на 13 септември и два затемнувања на Месечината кои ќе се случат на 4 април и 28 септември.
На Балканот ќе биде видливо само затемнувањето на Месечината на 28 септември и ќе се гледа целиот тек. Доколку времето биде ведро жителите на Балканот помрачувањето на Сонцето на 20 март ќе може да го следат и од народната опсерваторија на Калемегдан, во Белград.
Еклипсата на 20 март ќе биде девето помрачување во 21 век. Месечината ќе се најде помеѓу Земјата и Сонцето и во целост ќе го затскрие сончевиот диск од нашите погледи. Полното затемнување ќе биде видливо на северот на Европа, посебно над Норвешка и Фарскит еострови, додека во Србија , Сонцето ќе биде затеменето 50 отсто.
Последното замрачување кое било видливо од Европа се случи на 11 август 1999 година, а на следното ќе се случи на 2026 година. Настапувањето на помрачувањето на Сонцето би можело да го стави на проба европскиот електричен систем, бидејќи извесно време ќе биде намалено производството на електрична струја од соларните централи, предупредува европската мрежа на оператори за пренесување на струја (ЕNTSOE).
– На 20 март ќе бидат блокирани околу 35.000 мегавати на соларна енергија т.н. производствен капацитет еднаков на 80 средни погони – стои во извештајот на ENTSOE, кој не ја исклучува можноста за инциденти.
Мајмногу проблеми се очекуваат во Германија и Италија кои имаат голем број производствени погони на соларна енергија.