Европа има долга историја на деструктивни земјотреси, а сеизмичката опасност може сериозно да влијае на модерното општество, како што покажаа земјотресите во Турција, во Измир, во 1999 година и во 2009 година во Л’акила во Италија, па и овој во централна Италија.
Сеизмичка опасност се дефинира како можност за тресење на земјата со можност за идни потреси и претставува прв чекор вопроценка на ризикот и веројатноста за штети и загуби. Зависи од факторите на ранлвост: тип и квалитет на зградите и инфраструктурата, густината на популацијата и слично.
Високата опасност не мора нужно да укажува на висок ризик; често големите земјотреси претставуваат ограничен ризик ако погодат оддалечени подрачја, додека и помали земјотреси можат да предизвикаат голема штета во густонаселени места.
Според мапата на Европа, на која е назначено нивото на опасност од земјотреси, најзагрозени подрачја се југоисточните делови на Европа, како Грција, Италија, Македонија, Романија.
Европа можат да ја затресат уште многу посилни земјотреси од оној летоска во Италија, а постои и закана од други смртоносни природни катастрофи.
Земјотресот во Италија беше само една во низата катастрофи кои во скоро време кја погодина Европа.
Историјата на Европа е подложна на бројни природни непогоди. Вакви земјотреси можат да влијаат и на зголемување на вулканската кативност, а вулкани во Италија има доста.
Зачестеноста на катастрофални земјотреси, поплави и суши укажува на тоа дека во иднина може да дојде до големи трагедии предизвикани од природните сили и човечки фактор.
ЗЕМЈОТРЕСИ
Најсилните земјотреси на стариот континент имале интензитет од 8,5 до 9 степени по Рихтер. Тоа се земјотресот на Крит во 365 година, кој предизвикал цунами и однел половина милион животи.
Во поновата историја најмногу луѓе настрадале во земјотресот во 1908 година во Месина на Сицилија. Имал јачина од 7,1 степен, а од цунамито што го предизвикал загинале околу 123.000 луѓе. Во 1755 година во Лисабон имало земјотрес со иста силина, а од цунамито што го предизвикал загинале 100.000 луѓе.
ЕРУПЦИИ
Напозната и со најмногу жртви е ерупцијата на Везув, во која биле уништени градовите Помпеја и Херкуланум, 79 година. Везув тогаш однел 33.000 животи. Оваа ерупција е трета најсмртоносна на светот, но ако денеска се случи истата ерупција, бројот на жртвите ќе се мери со милиони.
Втората најголема ерупција била во 1783 г., а виновникот бил вулканот Лаки. Умрела четвртина од населението на островот.
ПОПЛАВИ
Најмногу жртви во Европа дала Холандија. Најсмртоносна е поплавата на св. Феникс, која во 1530 г. убила околу 120.000 луѓе.
ТОПЛОТНИ БРАНОВИ
Најголемиот топлотен бран ја зафати Европа во 2003 година, во кој животот го загубија околу 70.000 луѓе. Во Русија во 2010 животот го изгубија 56.000 луѓе.
Новите технологии не можат да ни помогнат
Стручњаците предупредуваат дека новооткриениот ентузијазам дека новите технологии, како дроновите и паметните телефони, ќе ја унапредат потрагата и спасувањето во разорни непогоди – пренадуен.
Годишниот извештај за процените на ризикот во светот што го составвуа Универзитетот на ОН (УНУ), истражувачи и акаденски огранок на ОН, го нагласува се поголемиот интерес за нови технологии во реакциите на вонредни ситуации, од дронови кои можат да ги извидуваат зафатените подрачја до паметни телефони и социјални мрежи преку кои можат да комуницираат преживеаните.
Но стручњакот на УН за процена на ризик Матијас Гаршаген смета дека новите технологии не можат да бидат замена за базичната инфраструктура каква што нема во многу земји.
-Многумина сметаат дека новите технологии се решение на сите проблеми по разорни удари. Пренагласено е сето тоа, вели тој.
Во Африка, на пример, има само 65 км асфалтирани патишта на 1000 жители, во споредба со Европа – 832 км или 552 км во Америка.
Клучот е во солидната инфраструктура
На лошо време земјаните патишта брзо стануваат непроодни, што оневозможува достава на помош или спасување.
-Сите смартфони на светот не можат да го променат тоа, нагасува Гаршаген.
По земјотресот во Непал лани, каде што хуманитарните организации користеа дронови за процена на штетите, властите беа принудени да воведат ограничување. И не само тоа, на тие места каде што дроновите утврдиле потреба од помош, се испоставилод ека хеликоптери не можат да пријдат.
-Некои сметаат дека дроновите можат да пренесуваат медицинска помош, но тоа е бесмислица. Еден дрон може да носи до 3 кг, каква помош е тоа.
Затоа, клучот не е во дроновите и телефоните, туку во солидната инфраструктура, од транспортна до телекомуникациска и енергетска, која мора да се гради имајќи ја предвид процената на ризикот.
-Добра инфраструктира не значи убав пат, цврст мост или навремено предупредување за цунами, но не посветуваме доволно внимание дека луѓето треба да се обучат и едуцираат, дека треба правилно да се гради и правилно да се одржува, заклучува тој.
Извор: Република.мк