Европската полиција сопре МАСОВНО иселување од Косово – еве колку побегнале


Полицијата ширум земјите од Европската унија уапси осомничени за кои се смета дека се дел од мрежата којашто шверцувала околу 10.000 илегални имигранти од Косово во западноевропските земји, соопштија во средата високи европски полициски иследници.

KOSOVO egzodus begalci

Во полициската акција во којашто се уапсени осомничените, биле вклучени близу 400 полицајци. Уапсени се вкупно 77 лица, и тоа во Австрија, Чешка, Франција, Германија, Унгарија, Словачка и на Косово, соопшти од Хаг во средата европската полициска агенција Европол. Осомничените главно се лица од Косово, Македонија, Србија, Бугарија, Чешка и Словачка, а според австриската криминалистичка полиција во текот на минатата 2014 година успеале да шверцуваат околу десет илјади луѓе од Косово во западноевропските земји.

Осомничените, според истрагата, од имигрантите барале околу 2.800 евра од лице, или 7.000 евра за цело семејство, за да им овозможат илегален транзит од Србија преку границата со Унгарија, којашто е членка на европската шенгенска зона во која не се користи пасош. Потоа имигрантите се водени понатаму на запад.kosovski-albanci-begaat-ungarija-04

Десетици илјади косовари, од кои огромен број се етнички Албанци, го напуштија Косово последните неколку месеци, почнувајќи од ланскиот декември, со желба илегално да дојдат до Европската унија. Повеќето патувале низ Србија во сопствен аранжман, а потоа барале помош од шверцери со луѓе. Многумина од нив пешачеле низ шуми и преку полињата по голем студ, носејќи ги со себе и своите деца.

Илјадници потоа барале азил во Унгарија и во други европски земји, иако на Косово се соочени со голема сиромаштија, но не и со политички прогон. Главна дестинација на илегалните имигранти била Германија, како и Швајцарија, Франција и Италија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1