И функционерите ќе плаќаат придонеси за хонорар, ама само до 4.000 евра!


Новите измени на Законот за плаќање придонеси од задолжително социјално осигурување, предложени од пратеници на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, утврдуваат во редот на плаќачи на придонеси за хонорарен ангажман да влезат и функционери, управители, членови на управни и надзорни одбори во трговски друштва и јавни и државни установи и во други органи, одбори, совети, комисии, комитети, установи, тела и слично.broenje denari pari mk

Со овие измени се враќа и највисоката месечна основица за пресметка и уплата на придонесите за остварените приходи од договор за дело, авторски договор или друг договор. Таа сега изнесува 12 просечни плати (над 4.000 евра). Тоа значи дека лицата кои месечно добиваат надоместок или хонорар повисок од овој износ нема да плаќаат придонеси за тој износ, туку ќе плаќаат само персонален данок.

Највисок износ за плаќање придонес за самовработените лица е дефиниран на осум месечни просечни плати. Во оваа категорија спаѓаат итие кои самостојно вршат дејност – адвокатите, нотарите и извршителите.

Според новите измени, лимитот за плаќање придонеси за лицата кои се во работен однос и имаат некој друг вид договор, е 21.588 денари. За невработените, сумата е над минималната загрантирана плата, односно за годинава над 9.590 денари.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1