Европската Унија давала субвенции на италијански мафијаши


Познати италијански мафијаши со години добивале по стотици илјади евра европска помош наменети за земјоделскиот сектор, покажуваат документите на италијанската Стопанска комора.

Мафијашите ги добивале парите благодарение на пропустите на италијанскиот судски ситем.
Некои криминалци, следени од полицијата, добиле европски пари за субвенции за заедничката европска земјоделска политика. Некои доделени суми достигнале и до 153.000 евра по човек.
За 20 години над два милиона евра биле доделени на стотина италијански мафијаши.

Сицилија добила околу 1,8 милиони евра, кои биле доделени на мафијашите. Италијанските власти наредија тие пари да бидат вратени.

Според италијанските закони забраенто е да им се исплаќа помош на осудени лица, но за сума до 153.000 евра не е потребна потврда за неосудуваност. На тој начин европските пари стигнале до мафијашите.

– Мафијашите многу добро знаат како да ги заобиколат судските проверки, изјави диркторот на италијанската Агенција за управување со европските средства за земјоделството, Џанкарло Нани.
Претставник на Европската комисија во Рим по повод скандалот изјави дека другите земји-членки на ЕУ имаат обврска да пријават слични нарушувања на исплатата на субвенции.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1