Во текот на вчерашниот и денешниот ден туристичките агенции евакуираа илјадници странци од Тунис, ден по крвавиот напад на плажа пред хотел, при што беа убиени 39 лица, а за што одговорност презеде Исламска држава.
Тунискиот премиер Хабиб Есид рече дека повеќето жртви се од Велика Британија, а британското МНР соопшти дека е потврдено дека се убиени 15 Британци. Меѓу жртвите има и државјани на Германија, Белгија и Ирска.