Евросонг: Тијана вечерва настапува 11 по ред – еве што за неа мислат европските новинари


Во данската престолнина Копенхаген, вечерва се одржува втората полуфинална вечер од најголемото музичко натпреварување во Европа, Евровизија, на која ќе настапи нашата претставничка Тијана Дапчевиќ. Таа, заедно со придружните вокали – сестра и Тамара, Димитар Андоновски и Пере од „Нокаут“ со песната “To the sky” ќе настапат единаесети по ред во втората полуфинална вечер.

Годинава вкупно 37 земји се дел од ова натпреварување, односно во првата полуфинална вечер се натпреваруваа 16 држави, додека вечерва ќе настапат претставниците на 15 земји.

tijana evrovizijaВо големото финале на 10 мај ќе настапат десетте песни со најмногу бодови од двете полуфинални вечери, земјата-домаќин, Данска, како и земјите од големата петорка: Велика Британија, Шпанија, Германија, Франција и Италија.Билет за настап на големото финале веќе обезбедија Унгарија, Ерменија, Азербејџан, Сан Марино, Црна Гора, Украина, Русија, Шведска, Холандија и Исланд.

Вечерва, освен Тијана, ќе настапат и претставниците на Малта, Израел, Норвешка, Грузија, Полска, Австрија, Литванија, Финска, Ирска, Белорусија, Швајцарија, Грција, Словенија и Романија.

Коментар за Македонија во анализа на сите претставници:

Симон: „Луда дама, луда изведба. Се е тоа кажано во добра смисла.“

Родриго: „Ги обожавам нејзините очила. Ја сакам изведбата. Ја сакам неа. Ја сакам песната.“

Извор: escxtra.com

„Eurovision Ireland имаше потешкотии да бидеме сериозни кога ја интервјуиравме апсолутно фантастичната Тијана Дапчевиќ од Македонија. Дури и одборјувањето беше во шега. Погледнете ја Тијана како ја изведува нејзината песна To the sky на Eurovision in Concert минатиот викенд. Публиката ја обожаваше изведбата и ја сака неа!

Подгответе се Европа, Тијана доаѓа!“

Извор:Eurovisionireland.net

tijana-2nd-rehearsal-eurovision-tv-videostill-620x350На порталот WIWIBLOGGS концертот во Амстердам е поделен на победници и губитници, Тијана е во категоријата победници.

„Оваа жена има храброст и одлучност. Всушност го има и тоа многу. Со неверојатни бели ретро очила и урбан шик, нашата омилена македонска MILF ја погоди секоја нота на нејизната брза песна. Ова е жена на која Има ќе и се радува во Euroclub ноќе во 2 часот бидејќи таа живее за забава.“

Пробите во Копенхаген

Точно е дека на првата проба имашпе критики, но тоа е техничка проба каде се оидлучува се, каде стои изведувачот, придружните вокали и останатите, се проверува тон, слика, графика на ЛЕД екрани итн, итн. По денешните проби ова се оценките на новинарите:

Кит Милс – новинар од Ирска сајт Аllkindsofeverything.ie

„За македонското претставување пред почетокот на песната се користи виолончело. Убедлива изведба полна со среќа и уживање. Навистина силна изведба. Ќе се квалификува.“

Извор: escxtra

tijana evrovizija„Tијана успева да ме победи овојпат со нивното претставување по Грузија, вибрациите од виолончелото го формираат знамето на Македонија. Многу паметен потег! Тијана е на средина од сцената облечена во црн костум со бели странични црти, за изненадување дека не ги носи нејзините очила кои и се trademark, која што го означи секое нејзино појавување на Евровизија оваа година. Едноставен дизајн со бело светло и со одлична изведба на песната и секако добра вокална изведба. Оваа изведба дефинитивно и ги зголемија шансите на Македонија за финале, ова изгледа без никаква грешка.

Извор: Eurovisionireland.net

МАКЕДОНИЈА: „Овде имаме позадина во една боја, таа е во црно со бели странични црти. Танчерот е во бело. Интересна интеракција меѓу нив двајца. Одлично вокално и одлична реакција во салата. Ова сега може да се квалификува.“

Извор: escnation.com

 „Вокално за жал на моменти слабо. Презентацијата не е сменета од првата проба. Никогаш не сте сигурни што ќе добиете од харизмата на Тијана и на и вон сцената. Би сакал оваа песна да е во финале, но тоа што го видов денеска, не сум сигурен дека ќе биде. Со тешко срце морам да кажам нема да се квалификува.“

Извор:oneurope.biz

 „Македонското знаме е од повеќеслојна прашина со метални прачки, а Тијана свири. Силна изведба денеска и со одличен глас. Ова е кул и без грешка, а камерата покажува и како ги мрда градите. Има шанси, да знаете…“

tijana 33 А ова што следува е од грчкиот сајт:oikotimes.com

Вокална изведба: Тијана е неверојатен вокалист, ја носи песната совршено.
Сценска изведба: Модерен денс акт, и голема интеркација со пејачката.
Камера: Едноставно совршено, го следи секое случување во песната.
Облека: Црн костим за Тијана со бели странични црти.
Реакција на публиката: Екстремно голем аплауз од децата во арената.
Проценка: Во финале (сигурно).

Најинтересниот податок доаѓа од британскиот весник Mirror кој еве што напиша за Тијана денеска по вчерашното полуфинале, наслов на текстот 5 работи кои ги дознавме од вчерашното неверојатно полуфинале на Евровизија.

„Тијана е неверојатна, а не запеа. Македонката Тијана со белите очила не пееше вечерва, но тоа не ја спречи да му го украде шоуто на нашиот коментатор.“

Коментаторот на BBC 3 Скот Милс ја интервјуираше пејачката за тоа што мисли за нејзините конкуренти и уште едно нормално прашање, но таа едноставно беше неверојатна. Се започна со тоа што Скот погрешно и го изговори името, а таа исправката ја направи на висок тон. Тогаш стана уште подобро кога го натера да носи фејк бели очила и кога му рече да престане да збори и да не биде многу досаден. После ова вчера трендинг на twitter во Велика Британија бил зборот Tijana, некои бараа таа заедно со нивниот коментатор да ја коментираат целата полуфинална вечер.

Вечерва жирито одигра пробно гласање, она шоу што ќе го гледаме утревечер тие го гледаа вечерва, па да видиме што мислат грчкиот и францускиот новинар.

Фотис: „Песната на Тијана е вистински пат до небото, нејзиниот глас е прекрасен и јас веќе оваа пејачка ја сметам за суперѕвезда, а нивната песна… за првпат не изгледа како очајнички потег да се блесне на сцена, оваа песна автоматски блеска. Да, ова е Фотис Константополус од Солун, Грција и штотуку го напишав овој пост. Сакам да ја видам Тијана во финалето како се бори за добар пласман. (верувајте ништо не ми платија за да го напишам ова).“

Оливер: „Една од најдобрите честитки е Тијана како свири на виолончело. Оваа песна беше една од моите омилени уште на почетокот. Интересна песна со разиграно темпо, одличен вокал. Вистински хит во стилот на Пинк. Но, додека другите настапот на сцената го гледаат како клучен дел во натпреварот, морам да кажам дека безличниот настап на песната на Македонија ја уништува одличната песна. Тијана е перфектна, но светлата и кореографијата не се достојни за оваа песна. Како и да е, песната ќе влезе во финалето бидејќи е одлична.“

Вечерва сите навиваме во еден глас за Македонија и секако се надеваме на влез во финалето.

Kurir

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1