Украинскиот перформанс и настап на пробите предизвикан запрепастеност и воодешувевување во прес-центарот а дури предизвика и неколку солзи.
Тоа е песната со име,, во 1944 година,, во изведба на Џамал. Песната е почит на историскиот настан на депортацијата на Кримските Татари за време на Втората светска војна, инспириран од приказната за нејзината пра-баба која го преживеала.
Џамал инсистира дека не сака нејзината песна да има политичка конотација, туку историски факт и сеќавање за вакво нешто да не се повтори.
Некои (особено Западни) медиуми се уште го карактеризираат овој настап како шлаканица за Русија, но во секој сечучај се работи за многу емотивна песна која никого не остава рамнодушен.
Сега ги имаме како главни фаворити совршеиот високо-технолошки перформанс на Сергеј Лазарев од Русија и украинската емотивна балада што влијае на срцето. Кој ќе победи?
За Mk news од Стокхолм
Борис Џапиќ