Европската радиодифузна унија (ЕБУ) ја исклучи Романија од учеството на годинешниот натпревар за песна на Евровизија, поради неплатени долгови во висина од 16 милиони швајцарски франци.
Долгот на романската национална радио-телевизија се провлекува наназад до 2007 година. ЕБУ ја известила владата на Романија дека ќе треба да го покрие долгот, објаснувајќи дека владите на секоја од земјите, членки на ЕБУ, се обврзани тие да реагираат во вакви ситуации.
Владата во Букурешт имала рок до 20 април да ги плати засостанатите сметки на романската РТВ, но откако владата не реагирала, раководството на ЕБУ одлучи да ја казани земјата, исклучувајќи ја Романија од годинешнава Евровизија.
Претставник на ЕБУ изрази жалење поради ваквото решение, но објасни дека таа е донесена регуларно и сосема исправно.
Романија на Евровизија учествува од 1994 година. Досега нема ниту еднаш ппбедено, но роамнската песна на два пати-во 2005 и 2010 година- стигна до третата позиција во крајното разместување на песните.
На годинешново натпреварување, што се одржува во Шведска, што почнува на 12 мај, Романија беше пријавена со песната „Моментот на тишината„ што ја пее 24 годшниот Овидиу Антон.
Тој прв на својата интерент страница потврди дека нема да патува во Шведска и изрази големо разочарување поради тоа.
Романија не е првата земја што била исклучена од натпреварувањето. Пред неа во 2009 година, беше исклучена Грузија затоа што учествуваше со песна со политички текст, во кој се навредуваше Русија. Пред тоа, во 1982 година, беше исклучена и Грција, затоа што сакаше да подметне преработена народна песна, како оригинална песма за натпреварувањето.