Евровизија, Македонија во првото полуфинале


Подготовките за 63. издание на „Евровизија“ се веќе во полн ек, а со денешното влечење жрепка веќе е познато и која земја во која полуфинална вечер ќе настапува.

Како и секогаш, извлекувањето се емитуваше во живо на евровизискиот канал на Јутјуб, а на самиот почеток беше определено кога ќе гласаат шесте финалисти, односно земјите од „големата петка“ и домаќинот, па така Португалија, Шпанија и Обединетото кралство ќе гласаат во првата полуфинална вечер, а Германија, Франција и Италија во втората.

Заради непарниот број на учесници, полуфиналистите се поделени на 19 во првата и 18 во втората полуфинална вечер. Како и во самиот процес на пријавување за натпреварот, така и овде Македонија беше извлечена буквално последна, а нашиот претставник или претставничка ќе настапи во втората половина од Првата полуфинална вечер на 8 мај.

Заедно со нас ќе се натпреваруваат и нашите соседи Бугарија, Албанија, Грција и Хрватска, како и Белорусија, Литванија, Чешка, Белгија, Исланд, Азербејџан, Израел, Естонија, Швајцарија, Финска, Австрија, Ирска, Ерменија и Кипар. Во втората полуфинална вечер, на 10 мај, ќе се натпреваруваат: Русија, Србија, Данска, Романија, Австралија, Н0рвешка, Молдавија, Сан Марино, Холандија, Црна Гора, Шведска, Унгарија, Малта, Летонија, Грузија, Полска, Словенија и Украина.

Секако дека редоследот на настапи за самиот настан ќе биде дополнително утврден, односно откако ќе бидат познати сите песни и подредени според самиот стил на музиката. Како што е познато, МРТ неодамна распиша конкурс за нашата евровизиска песна, а домашните и странските автори можат да ги праќаат своите композиции најдоцна на 8 февруари. Потоа, врз основа на избраната композиција ќе биде предложен и изведувач или група изведувачи што би нè претставувал/е во Лисабон.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1