Шекеринска: На маса нема предлог од Нимиц


На маса нема предлог и медијаторот Метју Нимиц со право е внимателен и сака повеќе да разговара за да, ако стави нешто на маса, има барем теоретски шанси да биде прифатено. Ова го изјави министерката Радмила Шеќеринска, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

– Во изминатиов период сме внимателни со изворите, на грчка страна има повеќе извори, лесно цртање на црвени линии. Тие имаат помалку да изгубат во моментот и некој тоа го користи. Многу сме внимателни и затоа сакаме чекорите да ги правиме еден по еден. За да се размислува за референдум треба да имаме решение. Дури во таа фаза можеме да зборуваме за типот, за времето, за процедурата и следот на чекори, што ќе прави Македонија што ќе прави Грција. Целиот овој процес нема да биде тежок само до постигнувањето на договор, имплементацијата ќе биде многу тешка, рече министерката синоќа.

Шпекулациите дека таа би можела да биде претседателскиот кандидат на СДСМ на претседателските избори наредната година, исто така беа тема на разгвор во нејзиното телевизиско гостување.

– Не верувам во предодредени кадровски одлуки во кои двајца ќе седнат и едниот ќе каже: „Јас сакам ова“. Никогаш тоа не сум го прифаќала, никогаш не сум го ни правела. Од сега до следната пролет има многу месеци, многу одлуки, има многу предизвици, изјави Шекеринска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1