Општо познато е дека изборот за најдобра песна на Европа отсекогаш има врска со политиката кога е во прашање гласањето, а сега стиховите на една песна се толку исполитизирани така што ги кренаа на нозе Русите.
На украинскиот национален избор за песна за „Евровизија“ славела пејачката Сузана Џамаладинова која под уметничкото име Џамала победила благодарение на публиката, и тоа за само еден поен повеќе од второпласираната песна. Сузана ја отпеала песната „1944“ и тука настанува проблемот, бидејќи пее за Сталин и за неговиот прогон на малцинската група Татари од Крим кога на бегалското патување кон Азија умреле илјадници.
За да биде пораката разбирлива за сите, песната е на англиски јазик. Пејачката на песната е од Татар-ерменско потекло и се инспирирала за текстот на песната од расказите на баба си за трагичните настани.
– Странци доаѓаат во вашите куќи, ве убиваат и ви велат дека не се виновни. Каде се вашиот разум и срце? Човештвото плаче“, се стиховите од песната со кои Украинците ја провоцираат Русија поради што реагирал и одборот за медиумска политика на руската Дума барајќи песната „1944“ истиот момент да биде дисвалификувана од понатамошното натпреварување поради кршење на правилата.
Зборовите во текстот, сепак, влегуваат во спротивност со правилата на натпреварот, кои гласат дека „никакви текстови, говори и гестови од политички или слична природа нема да бидат дозволени за време на евровизискиот натпревар – Евровизија“.