Британец со тешки изгореници на лицето од електронска цигара


Британецот Вули Смит (34) претрпел тешки изгореници по горниот дел од ногата, откако експлодирала електронската цигара што ја чувал во џебот од панталоните.

Експлозијата на батеријата од цигарата, како што подоцна е утврдено, предизвикала толку сериозни повреди, што лекарите морале да му пресадуваат кожа на тешко изгорените места.elektronskacigara

Инцидентот се случил на пет денa пред Нова година, но и речиси два месеци подоцна, Смит се уште се опоравува од повредата и со помош на лекарите ги санира изгорениците.

– Седев на маса, додека ручавме со семејството, кога нешто светна во џебот од џинс пантолоните што ги имав на себе. Не успеав ниту да станам од столот, а целата ногавица беше во пламен а јас чувствував како материјалот од панталоните се лепи за мојата кожа, проследено со страшни болки што ги чувствува- изјавил Смит на репортерите од шкотскиот таблоид „Дејли рекорд“.

Несреќниот Смит итно бил префрлен во болницата во Кирклади, во централна Шкотска, а подоцна на натамошне лекување во Данди.

Засега не е познато како се случил овој инцидент со безопасната електронска цигара што треба да помогне пушачите да се откажат од пушењето тутун.

Смит и неговиот адвокат изјавиле за весникот дека се подготвуваат да поднесат тужба за наплата на отштета.

Батеријата била од кинеско производство, а увозникот на цигарите соопштил дека со секој производ има предупредување, според кое цигарите не треба да се чуваат во џеб и до метални предмети.

Вули Смит е втората „жртва“ од експлозија на батеријата на електронска цигара во Велика Британија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1