Евтината тарифа останува, поскапува електричната енергија за 7,4%


Евтината тарифа останува, но за 7, 4 проценти се зголемува цената на струјата. Месечната просечна сметка од 1.500 денари ќе се зголеми за околу 100 денари.

Евтината тарифа пак домаќинствата ќе можат да ја користат во истите термини како и до сега. Од РКЕ велат дека поскапувањето на струјата се должи на кризата со вирусот и намалените приходи на енергетските компании. За да се ублажи ударот од новиот скок од Регулаторна со предлог до новата Влада.

Сите енергетски компании до РКЕ пријавиле зголемени трошоци, Мепсо дури 70 отсто повисоки, но регулаторот прифатил само дел од нив.

Според пресметките државните електрани поради кризата со вирусот имаат намалување на приходите од продажба на вишоци на струја од 17 милиони евра. а Мепсо од 11 милиони евра. Падот на нивните приходи се должи и на намалување на потрошувачката на струја од големите индустриски капацитети.

Новата цена на струјата важи од први август.

РКЕ не донесе одлука за цената на парното заради сериозните забелешки што ги имале од БЕГ кои немале време да ги разгледаат.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1