Ова е наједноставниот и најповолниот омекнувач за алишта:
Состојки:
- еден филџан регенератор за коса ( може и најевтин)
- три филџани топла вода
- еден филџан бел оцет
- неколку капки етерично масло по желба ( лаванда, роза, портокал…)
Подготовка:
Балсамот за коса ставете го во поголем сад, па постепено додавајте топла вода, постојано мешаќи додека состојките не се соединат. Потоа додадете го белиот оцет и неколку капки етерично масло. Мешавината чувајте ја во затворен сад (на пример мала стаклена тегла). За секое перење користете ¼ филџан.