Страотното невреме попласи дваесетина куќи кои беа директно изложени на ударот од поплавата. И по две недели велат жителите сеуште неможат целосно да ги исчистат своите домови. Тимови на надлежните иснтитуции направиле проценка на штетите, но граѓаните се скептични дали помошта ќе стигне да ја покрие загубата. Бараат помош веднаш бидејќи стравуваат дека поради остатоците од калта и фекалиите во нивните дворовови, демне опасност од зарази.