Факти за телевизијата – најдолга емисија, најгледана, првата реклама ..


Телевизијата постои околу 70 години, со што моментално сеуште е највлијателниот медиум и покрај огромниот подем на интернетот.

Според истражувањата, дури 98 проценти од домаќинствата поседуваат барем по еден телевизор и секојдневно гледаат телевизија.

tv-fuzzНа нашите простори, пак просечно повеќе од еден час гледаме телевизија, од другите граѓани во Европа.

Прв пат зборот телевизија е употребен во 1900 гофина на меѓународен конкурс во Париз. А, за ден на раѓањето на телевизијата се смета 25 април 1925-година.

Првиот аналоген телевизиски програм со висока резолуција стартувал во Велика Британија во 1936 година.

Првата телевизиска реклама е емитувана на 1 јули 1941 година во Њујорк, а се однесувала на компанијата за часовници Булов, а траела 20 минути.

Најдолг век на една емисија има „Tonight Show“ која стартувала во 1954-година, а трае до денес.

А, најгледаните емисии се глобалните случувања како Олимписките Игри и Светското првенство во фудбал.

Првата сапуница пласирана на телевизиските екрани е „Жена за паметење“, од далечната 1974-та година.

Генералното Собрание на ОН, го прогласи овој ден, како Светски ден на телевизијата, со намера државите од светот, своите програми да ги фокусираат на мир и сигурност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1